Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Балкан

„Шеснаесет приведени на протестите во Белград“

„Граѓани се собраа пред зградата на Основниот суд во Нови Сад, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Граѓани се собраа пред зградата на Основниот суд во Нови Сад, на повик на студентите, барајќи итно ослободување на сите, како што тврдат, приведени без докази за учество во антивладини протести.

Полицијата во Белград приведе 16 лица по протестите што синоќа се одржаа во повеќе градови низ Србија, пренесува Танјуг, повикувајќи се на информации од Министерството за внатрешни работи.

Како што јавуваат српските медиуми, лицата се приведени поради демолирање и палење на простории на владејачката Српска напредна партија во Белград. Иако протестите поминаа во помирна атмосфера за разлика од претходните денови, кога имаше директни судири меѓу антивладините демонстранти и приврзаниците на партијата на претседателот, министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека на вчерашните протести во главниот град имало меѓу 2.300 и 2.400 „блокадери“ кои значително го нарушиле јавниот ред и мир.

Реклама

Првично, Дачиќ соопшти дека се приведени петмина демонстранти, кои, според него, со својата агресивност покажале намера да демолираат, да палат и да ја нападнат полицијата.

Денеска беше одржана седница на Советот за национална безбедност, со која претседаваше претседателот на Србија, Александар Вучиќ. По седницата немаше изјави.“