Реклама

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Македонија

Сестринските партии со порака: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се блиску до граѓаните и затоа победуваат

Претставници на сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ со честитки за достигнувањата на партијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претставници на сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ со честитки за достигнувањата на партијата кои ги имаше, како што велат, особено во последните две години и притоа укажуваат на победите на парламентарните, претседателските и локалните избори.

-Честитки, бидејќи не е толку својствено за една партија да го прослави овој извонреден успех. Кога ќе погледнам наназад мислам дека овој успех може да се објасни. Она што сакам да го кажам е дека сте блиску до народот, блиску сте до граѓаните, знаете што мислат граѓаните и знаете за нивните потреби и што е потребно за иднината, рече во своето видео обраќање на присутните на Конгресот, Гунтер Крихбаум, пратеник во Бундестагот од ЦДУ и државен министер за Европа укажувајќи дека иднината на Македонија е во Европа.

Според него, Христијан Мицкоски и партијата се приказна за успех и затоа им посакува многу успех што е потребен за во иднината. Честитки и желби за понатамошни успеси испрати и Андреј Пленковиќ, претседател на ХДЗ и премиер на Хрватска.

Реклама

-Сакам да ви посакам успех во одржување на Конгресот по толку одлични изборни победи на парламентарните, претседателските и сега локалните избори. Повторно и да му дадам поддршка на мојот пријател Мицкоски. Се радувам на унапредување на соработката помеѓу ХДЗ и ВМРО-ДПМНЕ и меѓу Хрватска и Македонија. Голема поддршка на патот за кон ЕУ, посочува Пленковиќ.

Антонио Тајани, потпретседател на Европската народна партија, претседател на Форца Италија и вицепремиер и министер за надворешни на Италија во својот говор укажува дека Европската народна партија силно ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ.

-ВМРО-ДПМНЕ е почитуван член на семејството на ЕНП, делиме исти вредности, посветеност на демократија, владеење на право, борба против корупција, слободен пазар, вели Тајани.

Честитки за ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Мицкоски испрати и Виктор Орбан, претседател на ФИДЕС и премиер на Унгарија.

-Ја поставивте Македонија на патот на стабилен, предвидлив и безбеден развој, изјави Орбан.