Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Сериозни пропусти во безбедноста на градилиштето во Кисела Вода – темелната јама била необезбедена

Темелната јама на градилиштето во Кисела Вода не била обезбедена, а работниците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Темелната јама на градилиштето во Кисела Вода не била обезбедена, а работниците работеле без основни мерки за заштита на местото каде требало да се гради станбената зграда…ова се главните причини за трагедијата каде загина 34-годишен работник од Крива Паланка, а тројца негови колеги беа повредени.Државниот инспекторат за труд утврди сериозни пропусти во безбедноста при работа на работниците..Според наодите, градежниците биле ангажирани кај подизведувач, но на терен не биле исполнети ни најосновните услови за безбедна работа.

„Од областа на Безбедност и здравје при работа утврдено е дека не биле преземени колективни мерки за заштита, односно не било направено подградување на ивиците на темелната јама или друг начин за заштита од обрушување на земјиштето, што е и причина за несреќата“, информираат од Државниот инспекторат за труд.

По несреќата во Кисела Вода, инспекторатот веднаш го запре работењето на градилиштето.Изречена е усмена забрана за работа, која ќе важи се додека не се отстранат сите пропусти и не се обезбедат неопходни мерки за заштита на работниците.

Реклама

Од инвеститорот и изведувачот е побарана целата документација поврзана со безбедноста и здравјето при работа.

Во јавноста засега е молк од страна на изведувачот, односно компанијата Јакимовски ДООЕЛ. Од нивната веб страна, може да се видат два проекти, едниот е во Кисела вода, а другиот во скопски Аеродром. Досега ниту еден од оваа компанија не даде никакви информации околу дозволата,  документација и дали се работело согласно прописите за безбедност.

Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство ја продолжува истрагата за да утврди како дошло до трагедијата. Издадена е и наредба за обдукција на починатиот работник.