Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Семејство од кумановско се сомнева дека нивниот 60-годишен брат бил отруен, случајот пријавен во полиција

Семејство од кумановско пријавило во полиција сомневање дека нивниот 60-годишен брат, кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Семејство од кумановско пријавило во полиција сомневање дека нивниот 60-годишен брат, кој починал на крајот на минатата година, не починал од природна смрт, туку можеби бил отруен. 

Според информациите од СВР Куманово, на 5 март годинава во 14 часот, Д.Е. (50) од селото Довезенце пријавила дека на 31 декември 2025 година околу 22 часот била известена од една од нејзините сестри дека починал нивниот брат М.П. (60) во неговиот дом во селото Довезенце, каде што живеел со неговиот татко и партнерката А.Р. од селото Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане.

Таа, заедно со уште една сестра и зет, веднаш отишле во домот и го затекнале братот починат на креветот.

Реклама

Како што е наведено во пријавата, на 31 декември околу 20:30 часот од телефонот на починатиот била повикана Итна медицинска помош, која констатирала смрт, а неговата партнерка А.Р. била пренесена во болница откако ѝ се слошило.

Пријавителката навела дека од Итната медицинска помош не било пријавено починато лице во СВР Куманово, а потврда за смрт не им била издадена  на на 31 декември 2025 година кога била констатирана смртта, туку наредниот ден – 1 јануари 2026 година, по нејзино инсистирање.

Поради овие околности, таа изразила сомневање дека нејзиниот брат не починал од природна смрт, туку дека можеби бил отруен. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.