Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Семејното насилство не е приватна работа – институциите повикуваат на пријавување

Македонија ја засилува борбата против семејното насилство, а надлежните ветуваат уште поголема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија ја засилува борбата против семејното насилство, а надлежните ветуваат уште поголема заложба за заштита на жртвите. Владата и невладуиниот сектор упатуваат апел дека семејното насилство не е приватна работа и за него не смее да се молќи. Упатија апел до жртвите да не ги повелуваат приајвите.

Се надевам ќе донесеме заклучоци кои ќе бидат имплементирани и со кои максимално брзо и праведно ќе се постапи во секој еден конкретен случај и притоа жртвата да биде навремено изолирана од насилникот и да биде безбедна. Првото прашање ќе биде како максимално брзо насилникот да биде тргнат настрана, особено децата, со цел да немаме дополнителни несакани ефекти – нагласи Тошковски.

Од почетокот на 2024 година до денес се евидентирани 1.715 постапки за телесна повреда сторена при семејно насилство. Од овие постапки, 798 биле запрени поради повлекување на предлогот за гонење од страна на жртвата. Од обвинителството велат дека тие не можат секогаш да влијаат превентивно и исто така бараат да се пријавува. Со последните измени на кривичниот законик, очекуваат дека борбата ќе биде подигната на повиско ниво.

Реклама

Токму затоа последните измени на Кривичниот законик, донесени во јануари 2026 година, претставуваат значаен чекор напред. Со нив се овозможува јавниот обвинител гонењето да го преземе по службена должност и да постапува и во ситуации кога жртвата, поради страв или зависност, се повлекува од кривичниот прогон.Со оваа промена државата испраќа јасна порака – насилството во семејството не е приватна работа.“ – вели Анита Топаловска – обвинител.

Невладините организации сметаат дека ваквите дебати треба да бидат секојдневие посочувајќи дека низ годините тие обезбедуваат помош и поддршка на жртвите на родово базирано и семејно насилство и многу добро знае како функционира системот од перспектива на жртвата.

Ние констатираме и предупредуваме дека, иако законодавната рамка постојано се осовременува и ги поставува основните механизми и постулати на постапувањето – не само од аспект на законите, туку и од аспект на подзаконските акти, особено оние кои ги регулираат прашањата на меѓусебната соработка помеѓу институциите кои се надлежни во системот и кои треба да обезбедат поддршка и заштита на жртвите на насилство, особено на родово базираното и семејното насилство – сепак, нешто сериозно недостасува во системот на комуникација и координација.“ – рече Неда Чаловска – Хелсиншки комитет.

Од министерството за правда велат дека во повеќе од 90 проценти од пријавените случаи на семејсно насилство жртви се жените. Меѓународните податоци се алармантни и покажуваат дека секој час повеќе од 5 жени се убиени од член на своето семејство. Со измените на Кривичниот законик се воведени нови кривични дела како фемицид и дополнително е зајакната заштитата на жртвите, со можност обвинителството да постапува по службена должност. Дополнително, државата воведе и систем за финансиска поддршка на жртвите, со цел институциите поефикасно да реагираат и да се спречат идни трагедии.