Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Се урна потпорен ѕид во Штип, за малку не настрадале луѓе, оштетени се два автомобили

За влакно избегната трагедија, откако дел од болничката ограда утринава се урна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За влакно избегната трагедија, откако дел од болничката ограда утринава се урна врз две паркирани возила. Само пет минути биле пресудни да не дојде до катастрофа со човечки жртви. За среќа, во тој момент во возилата немало никој.

Возачот на автомобилот со скопски регистарски таблици само што излегол од возилото и сè уште во шок од она што му се случило не сакаше да зборува за настанот. Видно вознемирена е и велешанката Ката Крстевска, сопатничка во другиот автомобил.

Со внукот дошле на преглед и најмалку очекувале дека оградата ќе падне врз нивното возило. Денешниот ден, вели, ќе го памети како свој втор роденден. Според првичните информации, оградата најверојатно се урнала поради свлечиште предизвикано од поројните дождови.

Реклама

„Го паркиравме возилото и само што отидовме по угорницата, слушнавме тресок, но не се вративме да видиме. Си продолживме на доктор. Тоа се случи околу 9.20 и кога се вративме, имаше што да видиме… среќа, само да сме живи и здрави“, вели велешанката Ката Крстевска.

Засега во источниот регион нема опасност од поплави, иако водостојот на реките е зголемен. Обилните врнежи од дожд предизвикаа одрони на Валандовско Брдо, како и на патниот правец Струмица – Берово. Критична точка и понатаму останува делницата меѓу Истибање, Македонска Каменица и Делчево, каде одроните паѓаат неконтролирано, информираат од Македонија пат, од каде апелираат возачите да бидат крајно внимателни.

„Моментално имаме две машини и повеќе возила што се на терен. Интензивно се чисти, меѓутоа одроните паѓаат неконтролирано. И досега беше лошо, но сега е уште повеќе, поради обилните врнежи од дожд“, изјави директорот на ЈП „Македонија пат“ – Штип, Влатко Цоневски.

Во моментот се стабилизира водостојот на реките во радовишко-струмичкиот регион, каде нивното излевање предизвика сериозни штети врз земјоделските површини и домовите, а надојдената река Тркања однесе повеќе од 100 јагниња и овци.