Реклама

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонија

Се проширува истрагата за Кочани: Полицијата влезе во кафе барот на газадата на „Пулс“ и во подрачната единица на ДПИ

Се шири истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Полицајци и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се шири истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Полицајци и обвинители влегоа во кафе барот на Дејан Јованов, кој е сопственик на кабарето кое изгоре. Претреси биле направени и во канцелариите на Државниот пазарен инспекторат во Кочани и Виница.Обвинителството ќе бара и финансиските инспектори да го чешлаат работењето на осомничените и сите нивни фирми. Полицијата и Обвинителството не ги потврдуваат информациите дека на разговор се повикани и сопругата и ќерката на сопственокот на „Пулс“.

Во текот на вчерашниот ден и денеска истражните тимови на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи координирано преземаат дејствија за обезбедување докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани. Во текот на денот, Јавното обвинителство ќе издаде наредба и до Управата за финансиска полиција за преземање определени дејствија поврзани со материјалното работење на повеќе правни субјекти, осомничените и други лица, информираа од ОЈО.

Се прибираат докази, одземени се и електронски уреди кои ќе се вештачат, се испрашуваат луѓе кои би можеле да имаат некакви сознанија.

Реклама

Извршени се претреси на пет локации во Кочани и во Скопје, при кои се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење. Извршени се и распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија, информираа од МВР.

Правдата ќе стигне и секој кој има одговорност за трагедијата во Кочани, ќе одговара, без разлика дали лицето е дел од некоја политичка структура или не, порача премиерот Христијан Мицкоски. За обвинувањата од опозицијата, дека се работи за селективна истрага, рече дека не сака да возвраќа на паушални обвинувања.

Граѓаните треба да бидат спокојни. Правдата доаѓа. За разлика од принципот „Како до сега“ овој пат правдата доаѓа и правдата ќе се случи без разлика дали лицето е дел од некоја политичка структура или не“, порача премиерот Мицкоски.

Според него, обвинувањата на ДУИ дека притворот на екс министерот Бектеши бил политички прогон, се обид за политизирање и етнизирање на случајот, но и обид за некој политички поен на сметка на несреќата на овие невини жртви.

„Јас само можам да кажам, нека им служи на чест, а ние како влада ќе продолжиме и понатаму да се грижиме и да се бориме против ваквото девијантно однесување. Ќе претресиме сè и ќе извадиме се на виделина за тоа што се случувало во минатото за да видат граѓаните, а мора да признам дека ДУИ повеќе од 20 години е дел од тој систем и барем едно извинување требаше да им даде на граѓаните“, изјави Мицкоски.

Во истрагата за Кочани до сега се опфатени 34 луѓе – од нив, 31 од осомничените се во 30-дневен притвор, а тројца се на лекување. Се сомничат продававачи на карти,  организаторот на настано, т сопственикот на кабарато, неговите соработници, пазарни инспектори, поранешни директори, до последните тројца градоначалници на Кочани и поранешниот министер за економија кои дозволиле таканаречената дискотека пулс 13 години да работи, без да ги исполнува ни  минималните услови.