Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Се помал е бројот на изработувачи на народни инструменти во Македонија

Ако државата и нејзините надлежни институции продолжат да не покажуваат интерес за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако државата и нејзините надлежни институции продолжат да не покажуваат интерес за да ги заштитат ретките изработувачи на народни музички инструменти како пасионирани чувари на нашето национално културно богатство, Македонија ризикува да ги загуби овие уметници со вродена дарба, предупредуваат етно-музиколозите. Станува збор за едвај десетина „мајстори“ на овој занает кои покрај својот талент, „мајсторството“ го наследуваат од своите татковци, дедовци, прадедовци, а добар дел од нив веќе се и „во години“.

  „Ќе бидам искрен и ќе кажам дека воопшто не се занимаваат. Кога треба да се прикаже нешто како наше, тогаш ние го кажуваме како наше, меѓутоа многу малку од страна на државата се презема институционална поддршка, меѓутоа тоа подразбира и финансиска и материјална поддршка, најпрвин на оние што ги изработуваат инструментите, бидејќи тоа се луѓе кои се навистина талентирани, кои навистина од едно парче дрво изработуваат инструмент кој потоа има музичка функција и e носител на една традиција со години и векови. Инструментот има долгорочна употреба, со правилна заштита“, – вели проф. д-р Горанчо Ангелов, етно-музиколог.

  Загрижени заради ваквата состојба и стравувајќи дека со таквата негрижа може да исчезне ова наше исклучително важно културно наследство, кое не е фабрикувано, ами се’ уште се одржува со рачно производство, етно-музиколозите во иднина најавуваат поголема гласност, но и очекуваат дека новата власт, за разлика од доскорешната, ќе има многу повеќе слух за оваа проблематика.

Реклама

  „Да се најде начин овие луѓе, особено оние што ги изработуваат инструментите и оние што свират, да се згрижат во некоја институција, да имаат стимулација зошто би го правеле тоа. А државата, како држава не може да произведува изработувачи на инструменти и инструменталисти, бидејќи сепак тоа се луѓе кои што во својот ген си го носат тој талент за изработка, за свирење и за музицирање“, – посочува проф. д-р Ангелов.

  Според неофицијалните податоците, освен што неколкумина веќе починале, од дестината останати изработувачи на народни инструменти, повеќето се во седмата и осмата деценија од животот, а само еден е на возраст од 23 години.

Новинар Каролина Дурло