Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Се интензивира кампањата за Локалните избори

Изборната кампања за Локалните избори 2025 година се интензивира пред молкот што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изборната кампања за Локалните избори 2025 година се интензивира пред молкот што започнува во петок на 17 октомври на полноќ и гласањето на 19 октомври. Политичките партии и коалициите одржуваат митинзи, средби со граѓани, а активни се и на социјалните мрежи.

Низ 80-те општини и особено во Градот Скопје се забележливи и големи билборди со кандидатите за градоначалници. Независните кандидати ја реаизираат кампањата, генерално, со прес-конференции, средби со граѓаните и особено на социјалните мрежи. 

Денеска на 11 Октомври – Денот на востанието, ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Прилеп, Крушево, Кривогаштани и Демир Хисар. Кандидатот за градоначалник на Скопје од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес-конференција во централниот Штаб во центарот на градот. 

Реклама

СДСМ и коалицијата ќе одржат митинзи во Желино, Теарце, Тетово и во Јегуновце.

Претставниците на ПП Левица ќе одржат средби со граѓаните на Прилеп, Куманово, Старо Нагоричане и Кривогаштани.

Во Скопје прес-конференција најави и Зелен хуман град. 

Во Гостивар прес-конференција ќе одржи кандидатот за градоначалник Висар Адеми. 

На митинзите и средбите со граѓаните, на медиумските претставувања и на социјалните мрежи, кандидатите за градоначалници и за советици зборуваат за своите програми и проекти, но кампањата ја предводат лидерите на партиите и коалициите.