Реклама

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Македонија

СДСМ: Скопје е втор најзагаден град во Европа ама власта нема пари за мерки и политики против загадениот воздух

Нема пари за мерки против загаден воздух – има за криминални тендери,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема пари за мерки против загаден воздух – има за криминални тендери, Скопје е втор најзагаден град во Европа ама власта нема пари за мерки и политики против загадениот воздух, се вели во соопштението од СДСМ.

Граѓаните Скопје секојдневно го дишат најзагадениот воздух во Европа. И додека граѓаните, децата, младите, хронично болните, повозрасните се изложени на сериозни здравствени ризици, за власта тоа не е приоритет.

Скопје е втор најзагаден град во Европа ама власта нема пари за мерки и политики против загадениот воздух.

Реклама

Пари има само наместени и криминални тендери. 

АКТ го откри овој корупциски систем преку кој милиони евра пари на граѓаните завршуваат кај фирми блиски до власта преку наместени тендери.  Една фирма земала 161 тендер, втора фирма со само двајца вработени земала 9 милиони евра за една година.

Тоа се приоритетите на власта на ДПМНЕ а не здравјето на скопјани.

Корупцијата го јаде секој сегмент на нашето општество а штетите се огромни и опасни по здравјето.

Мора да се стави крај криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ, да прекине грабежот а парите да се насочат кон граѓаните и кон нивните потреби. Сите ќе одговарате! Работата не е завршена.