Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

СДСМ: Нов удар врз младите, ДПМНЕ ги намалува парите за студентски стандард за 7,3 милиони евра во Буџетот

Во буџетот за 2026 година, Владата на ДПМНЕ ги намалува парите за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во буџетот за 2026 година, Владата на ДПМНЕ ги намалува парите за студентскиот стандард за огромни 7,3 милиони евра! Ова значи помалку пари за стипендии, помалку пари за студентски оброци, за студентските домови. Уште поголем удар врз секој млад човек кој се обидува да се образува и развива во својата земја, вели Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ, во изјава за медимите.

Во најголемиот буџет во историјата власта нема пари за студентите!  Наместо да вложуваат во младите, Владата на Мицкоски им ги крати парите, им ги одзема можностите.  Како намерно да сака да ги избрка од државата.

Не може да има пари за манго, папаја и гоштевање на владините функцонери а да нема за младите. Студентите не се бројка во табела, тие се иднината на државата. А со вакви погрешни политики иселувањето на младите не само што ќе продолжи туку ќе се засили.

Реклама

СДММ бара власта веднаш да се откаже од овие катастрофлани политики и да го зголеми буџетот за студетски стандард. Младите заслужуваат подобро, заслужуваат повеќе.