Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

СДСM измислува анкети, Филипче си ги лечи фрустрациите со лажни бројки

Венко Филипче, министерот кој ја остави државата без лекови и граѓаните без…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче, министерот кој ја остави државата без лекови и граѓаните без здравствен систем, сега се обидува да ја третира реалноста со анкети по негова мерка – лажни, невалидни и политички наредени.

Повеќе од јасно е дека болката од катастрофалниот пораз сè уште го држи буден, па наместо да се соочи со вистината, си измислува падови каде што има раст, констатира ВМРО-ДПМНЕ.

Ако има елементарна пристојност – каква што очигледно нема – Филипче треба да покаже барем една релевантна анкета каде СДСM има повеќе од 6%. Само една. Без вашиот партиски „анкетен софтвер“, без вашите партиски портали и без вашиот кујнски штаб. Да видиме, дали постои барем едно истражување на јавноста кое ја потврдува фантазијата што ја продава Филипче овие денови?

Реклама

Вашите анкети покажуваа и пред изборите лани дека ќе победите и дека ќе формирате влада со сите албански партии, нудејќи им сè живо и диво на ДУИ. Оттука ги разбираме обидите на Филипче да ги „раздвижи“ и мотивира и оние малкумина поддржувачи што ви преостанаа. Не се сомневаме ни дека истите анкетари кои ви ги правеа тие анкети денес се и политички советници кај Филипче, па мора да си ја оправдаат платата и да му сервираат секакви глупости. А тој, како неврохирург, го разбираме зошто се доведува во ситуација да им верува. Но, се ближат избори и повторно ќе се увери дека го лажат – или, пак, неговото членство, она што остана, ќе се увери дека тој ги лаже нив.

Вистината е една – ВМРО-ДПМНЕ има стабилна поддршка, а СДСM продолжува да биде во слободен пад и со празни митинзи. Народот не заборава: здравствениот криминал, тендерите и неспособноста се синоними за времето на Филипче и Заев.

Времето на лагите помина.

СДС и нивните „анкетари“ остануваат длабоко во минатото.