Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

СДСM и ДУИ преку нивните корумпирани измеќари, судии и обвинители, ја штитат мазут мафијата која направила криминал тежок 167 милиони евра

Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица штитат криминалци, велат во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица штитат криминалци, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Судиите избрани во Мала Речица ги штитат бизнис интересите на Али Ахмети и Заев.

Доказ за тоа е и Асмир Јахоски, кој излезе од притвор со гаранција во стан на фирма која дели иста адреса со фирмата на зетот на Али Ахмети.

Газдата на Пуцко Петрол излезе од притвор, а за Апелација гаранција се 2 милиони евра.

Реклама

Јахоски е син на пратеник од ДУИ, со уште 13 лица е осомничен за злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари, за набавка на канцероген мазут со кој го загадувале воздухот.

Криминалците од СДСM и ДУИ и нивните бизнис фаворити, како Јахоски, поради лукративни причини, провизии и бизнис зделки го труеле народот со канцероген мазут поради екстра профит и направиле огромен криминал.

Корумпираните судии и обвинители работат по насока на СДСM и ДУИ и ги штитат нивните блиски бизнис партнери, за да делат проценти и провизии меѓусебно.

Спрегата помеѓу правосудството, СДСM и ДУИ мора да заврши, корумпираните судии да одговараат, а владеењето на правото и правдата да профункционираат.

Времето на криминалци во политиката заврши, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.