Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Саудиска Арабија најавува инвестиции на Попова Шапка

Во рамките на успешното учество на Економскиот бизнис форум, еден од најважните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на успешното учество на Економскиот бизнис форум, еден од најважните регионални настани оваа година, што се одржа во Сараево, министерот за економија и претставник на Вреди, Бесар Дурмиши, оствари билатерална средба со Неговата екселенција, Абдулазиз Алсакран, една од клучните личности во економската дипломатија на Кралството Саудиска Арабија, кој ја извршува функцијата заменик-гувернер за меѓународни односи при Генералниот орган за надворешна трговија (GAFT).

Оваа средба го означи еден од најзначајните моменти на форумот, отворајќи нови хоризонти на економска соработка и потврдувајќи ја активната позиција на Македонија, преку Вреди, во градењето стратешки партнерства со најмоќните глобални економии.

Двете страни го потврдија својот заеднички интерес за зголемување на трговската размена, која моментално изнесува 44 милиони долари, со цел надминување на ова ниво преку заеднички иницијативи и конкретни развојни проекти.

Реклама

„На состанокот беа разгледани повеќе прашања од стратешко значење, меѓу кои организирање заеднички бизнис форуми и спроведување меѓусебни посети на економски делегации. Создавање услови за саудиски инвестиции во сектори со висок приоритет за економскиот развој на земјата, како што се земјоделството, туризмот и одржливата инфраструктура. Поддршка за развој на скијачкиот центар Попова Шапка во Тетово, како клучен проект за промоција на планинскиот туризам и економскиот развој на Полошкиот регион. Поттикнување на халал сертификација на локалните производи, со цел зголемување на извозот и диверзификација на меѓународните пазари“, соопшти Вреди.

Оттаму додаваат дека економијата на Македонија има значителен потенцијал, а со стратешки партнери како Саудиска Арабија, овој потенцијал може да се трансформира во конкретни проекти што ќе донесат развој, вработување и благосостојба за граѓаните.

Од Вреди посочуваат дека остануваат посветени на градење одржливи мостови на меѓународна економска соработка, со јасна визија да донесат квалитетни инвестиции кои директно влијаат врз животот на граѓаните и рамномерниот развој на сите региони во земјата.