Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Сали: Инвестицијата во знаење и иновации е инвестиција во европската иднина

Првиот заменик на Претседателот на Владата и Министер за европски прашања, Беким…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик на Претседателот на Владата и Министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на Научниот саем 2026, организиран од Меѓународните училишта „Маариф“ во Тетово.

Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека знаењето, науката и иновацијата се клучни двигатели на економскиот развој и на европската интеграција на државата.

„Денес, повеќе од кога било, економскиот напредок зависи од човечкиот капитал и способноста идеите да се претворат во конкретна вредност. Ваквите настани се доказ дека имаме генерации кои се подготвени да ја градат иднината,“ истакна Сали.

Реклама

Тој нагласи дека Научниот саем претставува платформа каде младите ги презентираат своите идеи и иновативни решенија, со што се создава мост помеѓу образованието, технологијата и бизнисот.

Министерот посочи дека поддршката за образованието и иновациите останува стратешки приоритет, нагласувајќи дека европската иднина се гради преку инвестиции во младите и нивниот потенцијал. На крај, Сали им честиташе на организаторите за успешната реализација на настанот и им посака успех на сите учесници.