Реклама

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 79-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Македонија

Саити: Околку 11 милиони денари на сметката на Црвениот крст за настраданите во пожарот во Кочани, се однесуваме крајно одговорно

 Се уште формално е активна сметката на Црвениот крст за донации за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Се уште формално е активна сметката на Црвениот крст за донации за семејствата на настрадните во Кочани и во моментов на сметката има околку 11 милиони денари, изјави денеска генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија Саит Саити, одговарајќи на новинарско прашање. 

Саити појасни дека поголеми приливи на сметката не се случуваат.

– Тоа што го направивме како Црвен крст ги поделивме сите средства. Во моментов на  сметката на Црвениот крст има околку 11 милиони денари, средства кои ќе се дистрибуираат на настраданите од несреќата во Кочани по направена реевалуација од страна на комисијата на Министерството за здравство, која е во тек. Цел на реевалуација е да се утврдат најитните потреби на преостанатите лица, односно луѓе кои се во фаза на лекување, а им се потребни дополнителни средства. Се однесуваме крајно одговорно затоа што сметаме дека ресурсите се ограничени, а потребите на луѓето треба да се идентификуват објективно и да се надоместат објективно, вели Саити пред промоцијата на Мрежата „Соседите помагаат први“.

Реклама

Тој информира дека досега Црвениот крст има направено две ревизии на работењето на таа сметка и ги повика сите заинтересирани да ги погледат на нивната веб-страница.

– Идејата беше преку тие ревизии да ја зголемиме отчетноста, транспарентноста на нашето работење и сите тие што продонесоа да го направиме тој хуманитарен капитал да знаат каде се, на кој начин се префрлени и сето тоа да биде во правец на стекнување со право и понатаму како Црвен крст да бидеме мобилизатори на хуманитрните ефекти во нашата држава, изјави Саити.

Прашан за обилните врнежи во земјава, Саити рече дека се во комуникација со Центарот за управување со кризи. 

– Тие се на терен, но нашите сили, нашите капацитети се подготвени доколку е потребно веднаш ќе се вклучиме и ќе бидеме во функција на отсранување на евентуалните последици, посочи Саити.

Директорот на ЦУК Мухамед Али, во изјава за медиумите посочи дека дека по обилните врнежи во земјава во моментов состојбата е стабилна. 

– Вчера имаше мало излевање на реката Пчиња кај Куманово, но денеска е стабилна состојбата во цела држава. Сите екипи се на терен и комуницираме со сите институции, како УХМР. Нема поплавени подрачја и сме подготвени на терен, рече Али.