Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

САД повикуваат да продолжи македонско бугарскиот дијалог

САД со нетрпение го очекуваат формирањето на новиот состав на собранието и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

САД со нетрпение го очекуваат формирањето на новиот состав на собранието и неговиот избор на идниот премиер. Ваква порака испрати официјален Вашингтон во очекување на формирање на новата македонска влада. Од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик изјавиле дека заедничките цели за безбедност, просперитет и целосна евроатланска интеграција остануваат, и САД ќе продолжат да ја поддржуваат македонија во исполнувањето на тие аспирации“.

„И честитаме на избраната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, првата жена претседател на државата, и со нетрпение го очекуваме формирањето на новиот состав на собранието и неговиот избор на идниот премиер“

САД во исто време повикуваат да продолжи македонско бугарскиот дијалог кој велат е вкоренет во заедничката заложба за иднината на македонија како полноправна членка во ЕУ“

Реклама

САД повикуваат на континуирани напори и реформи неопходни да се постигне напредок во пристапот и полноправно членство на Македонија во Европската унија изјавиле за Гласот на Америка на македонски јазик од прес-службата на Стејт департментот.