Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Ристовски: За „Универзалната“ сала во Прилеп преговараме со прилепска компанија

Локална компанија од Прилеп е заинтересирана да ја реконаструира Универзалната сала од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Локална компанија од Прилеп е заинтересирана да ја реконаструира Универзалната сала од Прилеп и да стопанисува со неа, но и да плати дел од средствата, долг кон Јавното претпријатие за стопанисување со станбени и деловни објекти, изјави министерот за спорт Борко Ристовски при денешната посета на реконструирани игралишта во прилепската насеба Точила.

-Универзалната сала во Прилеп не е под надлежност на Министерството за спорт, но си зедов обврска да бидам медијатор во таа ситуација. Веќе денес имам состанок со заинтересираната локална компанија која сака да ја реконаструира, да стопанисува со Универзалната сала од Прилеп, но и да плати дел од средствата, долг кон ПУИК. Ја прифаќам одговорноста, во името на спортот, да ги спојам сите заинтересирани страни, зашто Прилеп долги години е  без спортска сала, рече Ристовски.

Министерот за спорт лани во септември најави пуштање на салата, но како што објасни, не била безбедна.

Реклама

– Ветив, ама при посетата со инженери видовме дека салата ваква е небезбедна и нема шанса од инженерите да добиеме дозвола. Треба да се направи комплетно нова статика, да се изолира небезбедниот дел од трибините, да се оттргне тоа што е во ѕидот и да се пушти во употреба. Тоа би го направил приватен инвеститор, објасни Ристовски.

Во прилепската населба „Точила“ во употрба беа пуштени реконструирани игралишта за повеќе спортови.

-Вакви реконструирани игралишта ветивме дека ќе ги оспособиме за младите. Имам повеќе ваков вид проекти на санација и реконструкција е низ Македонија. Имаме преку 30 направено што е особено задоволство зашто им даваме можност на децата и на сите млади генерации да спортуваат и да рекреираат, рече министерот за спорт Борко Ристовски при денешната посета на реконструираните игралишта во прилепската населба Точила.