Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Ристовски на јубиленото издание на Меѓународниот турнир во борење „Македонски бисер“: Да ја чуваме традицијата и вистинските вредности

Ова е спортска традиција која трае многу години и треба да ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ова е спортска традиција која трае многу години и треба да ја чуваме – порача министерот за спорт Борко Ристовски на одбележувањето на јубилејното 50.издание на Меѓународниот турнир во борење „Македонски бисер“ во Радовиш на кое присуствуваа и градоначалникот на Општина Радовиш, Љупче Почивалец, претседателот на Боречката федерација на Македонија, Дејан Богданов како и бројни поддржувачи на борењето и вљубеници во овој спорт.

Турнирот,на кој настапија борачи од 10 земји и централната свеченост, се одржа во салата „25 Мај“ која минатата година беше комплетно реновирана со инвестиција обезбедена од Министерството за спорт.

-Радовиш е спортски град, град на борењето, а ова е една традиција која трае многу години и организаторите заслужуваат пофалба за ваквата организација. Упатувам честитки до сите боречки легенди и до сите оние што го сакаат борењето. Турнирот „Македонски бисер“ пет децении е симбол на традицијата и на спортскиот дух и тоа треба да го чуваме. Министерството за спорт секогаш ќе ги поддржува ваквите спортски настани, секогаш ќе стои на страната на вистинските спортски вредности и ќе вложува во младите таленти и во создавањето на подобри услови за спортот – истакна Ристовски.

Реклама

За поддршката и успешната соработка со Министерството за спорт, на министерот Борко Ристовски му беше доделена плакета.

Јубилејот на еден од најстарите и најреномирани спортски турнири во Македонија беше одбележан со повеќе активности и пригодна свеченост на која беше промовирана монографијата „50 години Македонски бисер“, посветена на историјата и развојот на турнирот низ децениите.

Во натпреварувачкиот дел, македонскиот борач Омер Мемеди го освои трофејот „Македонски бисер“ на јубилејниот 50-турнир, Расул Шапиев е прогласен за најдобар домашен борач, а Раду Лефтер од Молдавија го доби признанието за најдобар странски борач.