Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Реконструкцијата на студентските домови е чекор кон зголемување на достоинствениот живот на студентите

Нешто помалку од 18 месеци и 17 милиони евра се потребни на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нешто помалку од 18 месеци и 17 милиони евра се потребни на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да направи реконструкција на два студентски домови во Скопје, Кузман Јосифовски Питу и Стив Наумов. Домовите ќе бидат готови до крајот на оваа или почетокот на следната година и студентите ќе бидат веднаш сместувани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со помош на развојната германска банка, која во соработка со Владата обезбеди реконструкција на вкупно 9 студентски дома во 3 фази. Првата фаза се студентските домови во Скопје Кузман Јосифовски Питу и Стив Наумов, во втората фаза ќе бидат реконструирани студентските домови во Охрид, Штип, Прилеп и Томе Стефановски Сениќ во Скопје, додека пак третата фаза е бидат реконструирани Гоце Делчев и студентскиот во Битола. Секоја од овие фази ќе чини по 17 милиони евра. Засега Владата има обезбедено 30 милиони евра што е доказ дека студентските домови се приоритет за достоинствен живот на студентите. Сите овие студентски домови треба да бидат готови во овој мандат на Владата од 4 години, се наведува во соопштението на владејачката партија.

„Кога ВМРО-ДПМНЕ ветува за младите – реализира, кога СДСМ ветува – останува само празно ветување. Ги градиме темелите на промените, доаѓа времето на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.