Реклама

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

Македонија

Разрешен Енвер Беџети, нема веќе да биде судија во Апелациониот суд

Судски совет го разреши Енвер Беџети, судијата кој чуваше предмети на Сашо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судски совет го разреши Енвер Беџети, судијата кој чуваше предмети на Сашо Мијалков во фиока за да застарат. Тој повеќе нема да биде судија во Апелациониот суд.

 Беџети заедно со Артан Груби се најдоа на црната листа на САД поради забошотување на предметите во кои беше обвинет Сашо Мијалков. Ова стои во решението за негово разрешување кое го донел Судскиот совет.

– Е.Б. се разрешува од вршење на судиската функција, поради сторена потешка дисциплинска повреда што го прави недостоен за вршење на судиската функција, поради потешка повреда на јавниот ред и мир и други посериозни форми на недолично однесување со кое се нарушува угледот на судот… стои во решението на РСС.

Реклама

Стејд Департментот го стави судијата Беџети на црната листа со забрана за влез во САД. Бидејќи имале докази дека е вмешан во значителна корупција преку примање на мито од страна на обвинетиот Мијалков. По објавување на имињата на Беџети и Груби од страна на амбасадата на САД во земјава и Јавното обвинителство отвори предистрага за митото кое ги застаре предметите на поранешниот директор на УБК.

-Ставањето на судија на црна листа за наводно вмешување во значителна корупција апсолутно го нарушува угледот на судијата, но и на судот. Кога е вака нарушен угледот веќе тој судија не може да правораздава бидејќи не постои веќе ниво на доверба, туку довербата е целосно загубена, се наведува во решението на РСС.

Во својата одбрана пред Комисијата во Судски совет, разрешениот Беџети изјавил дека против него нема кривичен прогон, а самата „црна листа“ не преставувала обврзувачки документ во државата. Чувањето во фиока на предметите го објаснил со работа во услови на пандемија, кога имало многу предмети меѓу кои и од поранешното СЈО.