Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Разликата меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ќе се зголемува, опозицијата има се поголема поддршка

Рејтингот на власта е во слободен пад, а до изборите разликата меѓу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рејтингот на власта е во слободен пад, а до изборите разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ само може да се продлабочува, сметаат дел од познавачите според кои погрешните политики на речиси секое поле придонесуваат актуелните владејачки партии да ја имаат најмалата поддршка до сега.

Политичкиот аналитичар Синиша Пекевски вели дека актуелниот претседател и претендент за нов мандат Стево Пендаровски може дури и да не влезе во вториот круг, нешто што досега се нама случено за кандидат предложен од партија на власт.

Реклама

Не многу поразлично е и со парламентарните избори со оглед на тоа што според последната анкета Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е во убедливо водство пред коалицијата предводена од СДСМ. Пекевски смета дека ВМРО-ДПМНЕ има сериозна можност да освои и 61 пратеник.

Според најновата анкета 27.2 проценти од граѓаните се изјасниле дека би гласале за ВМРО-ДПМНЕ ако изборите се одржат утре, за СДСМ би гласале само 10.7 проценти, за ДУИ 8.7, но веднаш зад нив е албанската опозиција со 7.7 проценти, по што следи движењето ЗНАМ со 5.5, Левица со 5.3, а за Алијансата за Албанците се изјасниле 1.1 процент од граѓаните.

На прашањето во кој политичар имате најголема доврба повторно на врвот е Мицкоски со 25.1 проценти, зад него е Али Ахмети со 11.6, по што следи Максим Димитриески со 8.9, па Арбен Таравари со 7.9 проценти, па дури тука е Стево Пендаровски со 7.3, колку што има и Димитар Апасиев. Дури на 7-мо место е лидерот на СДСм Димитар Ковачевски со доверба од 5.6 проценти.

Анкетата на Маркет Вижн, била спроведено телефонски од 15 до 24 март 2024 година, на примерок од 1.200 испитаници. Статистичката грешка е +/- 3%, а  интервалот на доверба изнесува 99%.