Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Ранет доктор и носител на листа на ДУИ во пукање во центарот на Куманово

Едно лице е повредено попладнево во вооружен инцидент што се случил во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Едно лице е повредено попладнево во вооружен инцидент што се случил во центарот на Куманово, на улицата зад општинската зграда. Според досегашните информации, повредениот е Зеќирија Шаини, вработен на скопската Клиника за пулмологија и носител на советничката листа на ДУИ во Општина Липково.

Од МВР информираат дека пукањето се случило нешто пред 14 часот, и дека Шаини прво бил пренесен во Кумановската болница, а потоа во скопските клиники. Според Кумановското обвинителство кое прибира докази, првичните информации велат дека засега немало индиции дека мотивот за нападот е политички.

Од ДУИ брзо по инцидентот излегоа со соопштение, барајќи итно разоткривање на сторителите од страна на МВР и Обвинителството, а во знак на револт и сочувство со Шаини, ги прекинаа сите останати денешни активности.

Реклама

И од владејачката Вреди го осудија инцидентот, изразувајќи длабоко жалење за повредениот доктор Зеќирија Шаини. Министерството за здравство најави целосна поддршка за докторот и негово побрзо опоравување, осудувајќи ги насилствата врз лекарите. Ветија дека во периодот што следи ќе работат интензивно со останатите институции во Куманово до целосно расчистување на случајот.