Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Прилози

Пукал кон сопругата, ја тепал ќерката, се заканувал на трите ќерки- приведен насилник од Кисела Вода

Пукал кон својата сопруга, физички ја нападнал  ќерката, а се заканувал на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пукал кон својата сопруга, физички ја нападнал  ќерката, а се заканувал на трите ќерки. Синоќа на 40 минути по полноќ приведен е 55 годишен насилник од Кисела Вода. Како што информираат од МВР, тој од својот пиштол испукал еден куршум кон 48 годишната сопруга, кој завршил во прозорец. По што отишол и се закнувал на трите ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години, а средната ќерка и физички ја нападнал.

На час и половина пред полноќ, насилникот го повторил насилството, повторно со пиштол и се заканувал на сопругата, но ќерките го спречиле да го употреби огненото оружје. Од МВР велат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

-Знам дека потенцијалниот насилник е задржан во рамки на полициска станица и за истиот ќе се преземаат дејствија, согласно она што кое што го имаме утврдено како фактичка состојба. Битно е дека во конкретната ситуација за среќа немаме смртни последици. Повеќе детали не би сакал да споделам во овој момент, изјави првиот полицеац Панче Тошковски.

Реклама

Покрај 55 годишникот од Кисела Вода, во полиција е приведен уште еден насилник поврзан со семејно насилство. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, вели дека добро е што жртвите конечно имаат храброст да пријавуваат.

-Имаме уште еден насилник, кој што е задржан во рамки на полициска станица. И за овој случај ќе се постапува во соработка со Јавното обвинителство. Дали е ова последица на она кое што се случува во последно време, а е поврзано со охрабрување на жртвите да почнат да ги пријавуваат насилниците, дали е ова поврзано со тоа што вие новинарите посебно давате внимание на овој тим на насилства, изјави Тошковски.

Овие пријави за семејно насилство доаѓаат по трагичниот настан од пред неколку дена, кога Ивана и Катја Јовановски во понеделникот околу 14 часот загинаа по пад од шести спрат од зградата во која живееја. Обвинителството го сомничи сопругот и татко на жртвите, Стојанче Јовановски дека својата сопруга ја навел на самоубиство, физички ја малтретирал и и ја загрозил сигурноста.

Матеја Петровски