Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Прилози

Промовирана монографијата „Социолошкиот дискурс на Крсте Петков Мисирков“

Монографијата „Социолошкиот дискурс на Крсте Петков Мисирков за македонскиот идентитет и за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Монографијата „Социолошкиот дискурс на Крсте Петков Мисирков за македонскиот идентитет и за нацијата“ од проф. д-р Ганка Цветанова претставува значаен социолошки, интердисциплинарен и аналитички труд, во кој таа дава свој придонес не само како интелектуалец, туку и како филолог и историчар, вели проф. д-р Константин Миновски. Тој додава дека авторката ја нагласува визионерската димензија на Крсте Мисирков, неговите идеи за автономна Македонија, национална црква, универзитети и Академија на науките, како негови идеи во време кога не постоеле реални услови.

Авторката нагласува повеќе аспекти од значењето на Мисирков, притоа го апострофира Мисирков како основоположник на македонскиот литературен јазик и правопис со неговото капитално дело „За македонцките работи“. Исто така, оваа книга се прикажува како програмски документ со повеќеслојна вредност – историска, јазична и политичка. Авторката аргументирано ја истакнува нејзината улога како „Библија на Македонците“, која постојано се препрочитува и служи како темел за националната самосвест, вели проф. д-р Константин Миновски.

За авторката Ганка Цветанова, Крсте Петков Мисирков е еден од најзначајните ликови во историјата на македонското национално движење, истакнат славист, историчар, етнограф, публицист и еден од основачите на Македонското научно-литературно другарство, кое денес се смета за претходник на Македонската академија на науките и уметностите.

Реклама

Истражувањето за оваа студија започна во 2020 година и еве денес, шест години подоцна, присуствуваме на заокружување на овој процес, и тоа токму во годината кога одбележуваме 100 години од неговото заминување, односно сто години од смртта на Крсте Петков Мисирков, истакна проф. д-р Ганка Цветанова.

Академик Катица Ќулавкова, пак, вели дека оваа монографија има големо значење, бидејќи според неа ќе предизвика големо влијание во контекст на македонскиот јазик, култура и идентитет.