Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Приватниот ИКТ-сектор во центарот на новите дигитални реформи

Со просечна бруто плта од 2 ипол илјади евра, ИТ секторот останува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со просечна бруто плта од 2 ипол илјади евра, ИТ секторот останува еден од секторите со највисоки примања во Македонија. Речиси 3 илјади компании и околу 25 илјади вработени, лани имаат остварено приходи од над 1,65 милијарди евра.

Македонија има огромен потенцијал во компјутерските технологии, одлични и квалитетни кадри кои излегуваат од универзитетите. Сега е шанса да ги искористиме во приватниот сектор, за потоа тие да и помогнат на државата во дигиталната трансформација, смета министерот Стефан Андоновски. И тој потврдува дека платите во приватниот сектор се подобри, но државата, напомена, нуди стабилност и со соработка може да се дојде до резултати.

  • Има конкуренција во плати и државата никогаш нема да го стаса приватниот сектор исто како што приватниот сектор никогаш нема да ја стаса стабилноста на државата. Ние гледаме како нашите позиции во Министерството да бидат поатрактивни со конференции, обуки и патувања во странство, активности и креирање политики, додека приватниот сектор тоа повеќе го прави со мотивација преку плати. Таа симбиоза може да донесе резултати, рече Андоновски.

Претседателот на Стопанската комора во ИТ секторот, Јордан Димитровски е дециден дека македонскиот ИТ сектор е во добра кондиција и дека ги следи трендовите.

Реклама
  • Очигледен е растот на на ИКТ секторот, а тоа го покажуваат и прелиминарните бројки за 2025 година. Македонските ИТ компании ги следат европските стандарди. Многу од нив кои се на ниво на европските, работат за странство, посебно за европските држави. Ги следиме трендовите во Европа, но и предизвиците. Сепак, ИТ секторот кај нас е во добра кондиција и секоја година бележи раст над 10 отсто,“ подвлече Димитровски.

Во процесот на дигитализација, владата соработува на највисоко ниво со приватниот сектор. За надградување, надлежните ќе иницираат македонски компании да бидат носители за спроведување на европските проекти во државата, а исто така институциите да обезбедат доволно квалитетен кадар што ќе  ги води тие проекти. Тоа за цел ја има конференцијата која ја организира МАСИТ, на која учествуваат повеќе од 300 гости од Македонија и регионот, кои дебатираат за модернизација на дигиталната инфраструктура и телекомуникациите, како и можностите кои ги нуди вештачката интелигенција.