Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Приоритетни области за инвестиции во здравството презентирани на средба на Алиу со претставници на Светска банка

Министерот за здравство Азир Алиу денеска одржа работен состанок со претставници на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Азир Алиу денеска одржа работен состанок со претставници на Светска банка. Беа презентирани приоритетните области за инвестиции во здравството, во насока на натамошно унапредување на заедничката соработка. На состанокот присуствуваа Керол Мегеванд, директорка на канцеларијата на Светска банка за нашата држава, Река Менон, директор на здравствениот сектор за Европа и Централна Азија, како и други експерти од институцијата, соопштија попладнево од Министерството за здравство.

– Со експертите од Светска банка имаме воспоставено успешна соработка, што во следниот период дополнително ќе ја зајакнеме со инвестиции во различни сфери во здравството. На еден од претходните состаноци, заклучивме дека Министерството за здравство е институционално мобилизирано и посветено на темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита, вклучувајќи и интеграција на моделот на долготрајна нега. Заеднички со експертите ги разгледавме можностите Светска банка да овозможи аналитичка, техничка и финансиска поддршка за овие процеси, подвлекол министерот Алиу.

Како што се истакнува во соопштението, презентацијата на приоритетните области во здравството произлегува од извршените темелни анализи во секторот, што ги покажуваат предизвиците и можностите за трансформација на здравствениот систем.