Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова во посета на Центарот за обука на вода во Охрид

Специјалните сили на Армијата се пример што значи да се биде прв…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Специјалните сили на Армијата се пример што значи да се биде прв во својата професија. Со зборови на немерлива почит, горда сум што сум командантка на нашите вооружени сили, посакувам да нема потреба да бидат употребени, но знам дека Македонија треба да се чувствува безбедно-истакна претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, која ги посети припадниците на Армијата од Баталјонот на специјални сили. Во армискиот објект за обука на вода како на вистинско бојно поле, припадниците на единицата изведуваа сложени операции и на копно и во вода.

 “Посакувам со сите области во владеењето на правото,во развојот на демократијата, во независното судство, во образованието, овие стандарди да ги почитуваме.Ова е пример што значи елита, многу добар пример особено за политичарите.За да бидете дел од елитата треба да поседувате енормна стручност, посветеност и компететност, овде го видовме тоа”-рече Гордана Сиљановска Давкова,претседател на Р.М.

Задолжителното отслуживање воен рок  беше укинато пред 20 години  како дел од реформите за придвижување на Македонија кон НАТО и градење на професионална армија.Дел од државите од регинот го враќаат редовното отслужување на воен рок,ни началникот на Генераштабот на АРМ Васко Ѓурчиновски смета дека за тоа е потребна темелна анализа и дека не треба да се избврзува.

Реклама

“Меѓутоа сметам дека нема потреба во моментот да се избрзува за задолжително служење на воениот рок. Времето ќе покаже,но ние не би требале да ги пратиме нема апсолутно никакви опасности ризици по националната безбедност да брзаме, да носиме одлуки како некои земји членки на НАТО алијансата и вон, кои веќе превземаат одредени мерки”-вели Васко Ѓурчиновски, , началникот на Генераштабот на АРМ.

Посетата на најелитната единица во Армијата од страна на нејзиниот врховен командант и претседател на државата е дополнителна мотивација и обрска да продолжиме по вистинскиот пат,истакна Ѓурчиноски

Росица Голабоска