Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Пренџов: Целта на работната група за Изборниот законик е да се дојде до подобар и поквалитетен изборен процес преку консензус на сите политички партии

Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата Топ тема на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата Топ тема на телевизија Телма, каде говореше на повеќе теми, меѓу кои и темата за Изборниот законик, за што истакна дека целта на работната група, во која има претставници од сите политички партии, а се одвива во рамки на Министерството за правда е да се има подобар изборен модел како и подобар изборен закон, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

„Од стручен аспект, како политиколог, сакам да кажам дека не постои идеален изборен модел, така да не постои идеален изборен законик и секоја држава во зависност од својот историски развој определува кој е најдобриот изборен модел во тој период“, истакна Пренџов.

Тој вели дека дали ќе има нов изборен законик или само измени ќе зависи од обемот на промените, односно дали тие ќе надминат една третина од постојниот закон.

Реклама

,,Изборниот модел е техника за избор на пратеници на градоначалници, советници и Претседател на државата. Она кое што е добро е тоа што на речиси на две години до следните парламентарни избори, се разговара на темата на нов изборен законик, дали ќе биде нов или ќе бидат измени во Изборниот законик зависи од тоа дали ќе се  промени повеќе од 1/3 или ќе се промени помалку од 1/3, ако е помалку тогаш има измени и дополнувања, доколку е повеќе, тогаш одиме со нов изборен законик“, кажа Пренџов.

Пренџов потенцираше дека под успех од она кое што го имаат како брифинзи од работната група, за изборниот законик и за процентот на измени во изборниот законик се подразбира, како што вели тој, за колку работи политичките партии имаат консезнус.

,,Влегуваме со добра волја, со позитивна енергија, се со цел да имаме еден подобар изборен модел, подобар изборен закон, да ги слушнеме сите мислења, и за прв пат после многу долгу време, не се прави во очи на некои избори, туку се прави, народски кажано, натенане, на две години пред изборите, дека тоа е работна група од која што има од сите политички партии, со која што претседава министерот за правда, се одвива во рамки на Министерството за правда. Треба да му дадеме шанса и на крајот да видеме што ќе се случи со истиот“, рече Пренџов.