Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Премиерот Мицкоски разговарал со Ердоган и им помогнал на пациентите од Кочани кои доживеале непријатности на аеродромот во Истанбул

Пред некој ден пациенти од пожарот во Кочани, кои биле на лекување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред некој ден пациенти од пожарот во Кочани, кои биле на лекување во Анкара, Турција, доживеале непријатности на аеродромот во Истанбул, откри премиерот Христијан Мицкоски.

Тој рече дека лично разговарал со најблиските соработници на претседателот на Турција и со Ердоган лично и се надминала состојбата.

– За дечињата кои пред два-три дена се враќаа од Анкара, коишто имаа непријатна ситуација на аеродромот во Истанбул, лично разговарав со еден од родителите, со луѓето од најблиската околина и лично со претседателот Ердоган. Се среди целата работа. Децата се вратија, а беше обезбеден транспорт од аеродром до болницата „8 Септември“ каде биле прифатени. На нивна одговорност не останаа на еднодневен мониторинг – рече Мицкоски денеска од Штип, но не прецизира за каква непријатност се работи.

Реклама

Тој вели дека оваа работа ќе трае со години, а тој и неговите луѓе се на располагање на семејствата на загинантите и на оние кои имаат последици од трагедијата.

– Членови од кабинетот на премиерот на неделна основа разговараат со членови на семејствата на трагично починатите, но и на оние коишто се со последици од тој ужасен начин – рече Мицкоски.

Планира во следниот период лично да се сретне со нив, а вели дека на дневна основа се соочуваат и решаваат проблеми коишто се поврзани со случувањата во Кочани.

Како што соопшти Министерството за здравство на 2 мај, осум пациенти се вратија од лекување во Турција, Бугарија и Словенија, а во странство остануваат хоспитализирани уште 18 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.