Антикорупциската комисија чека Собранието да изгласа нов член по оставката на Цвета Ристовска. Претседателот Адем Чучул вели дека таа од старт била изземена од предметите против неа, а дел од иницијативите на кои таа работела, кои се поитни, ќе бидат распределени кај актуелните членови. Останатите предмети ќе го чекаат новиот член за постапување.
Антикорупциската комисија на некоја од следните седници ќе донесе одлука и за евентуален судир на интереси кај директорот на СОЗР – Ивица Томовски. Опозициската СДСМ обвинуваше дека 160 тендери добила фирма блиска на наводно блиско лице на директорот на СОЗР.
