Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Предлог Законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија

Предлог законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија, соопшти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија, соопшти денеска Министерството за правда (МП). По добиеното мислење, Предлог законот за Судски совет ќе се поднесе во собраниска процедура. Како што посочуваат од МП, станува збор за конструктивен и содржаен документ кој доби позитивно мислење и од Венецијанската комисија.  

– Клучни новини кои се предвидени со законот се: јавност во постапкатата за разрешување на претседател/заменик на Советот, постапката мора секогаш да биде транспарентна; прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“; воведување јавна расправа за кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност; зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите; унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ, се вели во соопштението.

За првпат, ќе има објективно оценување на нивната работа, транспарентност во носењето одлуки и механизми за одговорност и на самите членови на Советот. Ова, нагласуваат од МП, е клучна точка што ја нотираше и Оценската мисија на ЕУ – и сега Македонија директно одговара на таа препорака.