Реклама
Прилози

Правда, а не политика: Граѓаните сакаат одговорност од оние што се огрешиле, а не спиење на надлежните

Правда, а не политика. Најавата на власта дека ќе има одговорност за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Правда, а не политика. Најавата на власта дека ќе има одговорност за секој, кој се огрешил пред законот, е токму она што го бараат граѓаните. Според познавачите сите бараат еднаквост пред законите и казна за сите кои сториле кривично дело. Политичкиот аналитичар Александар Ристевски за Алфа дека граѓаните веќе се уморни од неправди и двојни аршини и дека најавата на власта дека е време да се скршат ланците на неправдата и конечно да се изгради општество на право, правда и ред е и повеќе од потребна.

Ресетот, како што вели власта, ќе биде „праведен, но безмилосен кон оние што го злоупотребувале народот“ — порака што одекна меѓу граѓаните како сигнал дека времето на неказнивост завршува.

-Најмногу се однесува за оние случаи кои ние ги гледаме низ годините, каде што гледаме дека одредени дадени докази, одредени дадени информации и се останато што е процесуирано, дали до судските органи или пак до Обвинителството, каде што треба да се продолжи постапката, повеќе од очигледно е дека се случува истото или да се одолговлекува или да не се процесуира или да се даде лошо или неквалитетно обвинение, изјави Ристевски

Реклама

Додека власта нуди решенија за правда, опозицијата обвинува за партизација на институциите. Според него немало понудена конкретна визија или модел како би се подобрил системот. Многумина сметаат дека системот бил урнисан и компромитиран во владеењето на СДСМ и ДУИ. Според Ристевски за да има правда и доверба кај луѓето, потребни се високи казни за оние кои се корумпирани и опфатени со криминал.

-Нема да постигнеме никаква промена во општеството се додека тоа што е повеќе од очигледно е дека се злоупотребува, не се санкционира драстично и со максимални казни. Мислам дека е време да се преземат токму вакви чекори, затоа што веќе севкупно народот, целата нација станува исфрустрирана од злоупотребите кои повеќе од очигледно се прават, а не се процесуираат, изјави Ристевски.

Инаку, власта најави институционален, а не политички ресет на системот. Според власта, целта е јасна, враќање на довербата во судството и одговорност за сите оние кои ја злоупотребиле власта и позицијата на моќ.

Матеја Петровски