Македонија е лидер во исполнување на европската агенда. На сите полиња сме поуспешни од државите во регионот, а така ќе биде и во следниот извештај, рече премиерот Христијан Мицкоски во одговор на пратенички прашања. Сепак, Мицкоски рече дека следно поле кое треба да покаже резултати и успеси е судскиот систем и обвинитлеството кое е клучно за понатамошен развој на државата.
„Постојано зборувате дека не сте задоволен од тоа како се спроведува правда. Дека граѓаните во право се разочарани, па како ја коментирате оваа ситуација“, праша Олга Лозаноска од ВМРО ДПМНЕ.
Преку министерството за финансии обезбедивме пари за нови 200 вработувања. Дополнителни зголемени без јасни резултати нема, рече Мицкоски.

Премиерот одговараше и на прашањето на пратеникот од Европскиот фронт Скендер Реџепи, до каде е ветувањето за уставни измени со кои албанскиот јазик би се изедначил со Македонскиот, на што доби одговор дека тој се уште стои на ставот оти јазикот е богатство на секој народ. Мицкоски му забележа на Реџепи дека кога се опозиција подгреваат меѓуетнички тензии, а кога се на власт водат некакви зелени политики.
„Дали сте подготвени да ги направиме уставните измени?м праша Реџепи.
Вие сте сега во таа коалиција. Пред да дојде оваа влада, министер за правда беше министер кој што доаѓа од башата коалиција. Зошто тој не го доуреди? Зошто не го направи тоа, законот му дозволува. Еве јас ќе ви кажам затоа што се лицемецерни,. Затоа што сте патриоти од Али експрес кога сте во опозицја, а кога сте на власт промовирате зелени еко агенди. Нашата заедничка така се гради. Кога се поддржуваме едни со други,. Да, јас поддржувам да не се гледаме низ примзата на проценти, да ви дадам и конкретен одговор и затоа ќе имате можност во многу скоро време, овде во парламентот да го гласате закаонот за правична застапеност. КАде што процентите не се веажни, туку квалитетот, одговори Мицкоски.
На говорницата излезе и пратеникот Миле Талески од СДСМ кој побара оставка од министерот за Внатрешни работи Панче Тошковски, на што доби одговор дека во моментов Македонската полиција има најдобри нрезултати во последните 20 години. Во меѓувреме, додека траеше седницата за пратенички прашања Левица веќе поднесе интерплеација за Тошковски, а од пред еден месец, СДСМ поднесе интерпелација, за Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски,
Веќе за првата интерпоелација, првата наредна седница ќе биде на 10 јуни и токму на таа седница ќе биде разгледана интерпелацијата за министерот за земјоделство, рече Африм Гаши, Претседателот на Собранието.
Воедно, јуни ќе биде месец со набиена агенда на собранието каде што ќе треба да се разгледаат поголем број закони, но законите од реформската агенда веднаш штом стигнат од Владата, ќе бидат ставени на дневен ред.
