Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Македонија

Пратеничката Салиу-Фетаи учествува на настанот „91-годишнината од правото на избор и избирање на турската жена”

Пратеничката Имрлије Салиу-Фетаи, на официјална покана од Џигдем Ердоѓан, претседателка на Комисијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеничката Имрлије Салиу-Фетаи, на официјална покана од Џигдем Ердоѓан, претседателка на Комисијата за еднакви можности меѓу жените и мажите учествуваше на меѓународниот настан организиран под покровителство на претседателот на Големото Национално Собрание на Турција, по повод 91-годишнината од правото на турските жени да избираат и да бидат избрани.

Како што информираат од собраниската прес-служба, официјалната програма почна на 3 декември со прием на странските делегации и сместување во Анкара.

Делегациите денеска биле пречекани во просториите на Големото Национално Собрание на Турција, каде програмата опфатила мини-концерт од уметници – жени од Државната Опера и Балет, обраќања од високи турски претставници, меѓу кои: највозрасната пратеничка Имрен Ајкут; претседателката на Комисијата за еднакви можности меѓу жените и мажите; Џигдем Ердоѓан и министерката за семејни и социјални прашања, Махинур Оздемир Гокташ.

Реклама

По настанот, пратеничката присуствувала на отворањето на изложбата „Жени лидери“, по што остварила официјални средби помеѓу странските делегации и Џигдем Ердоѓан, во објектот за односи со јавност во турскиот Парламент.

Попладне, делегациите биле пречекани на официјална вечера организирана во чест на меѓународните гости.

Пратеничката Имрлије Салиу-Фетаи ја истакнала историската важност на оваа годишнина и потребата за продлабочување на соработката во областа на родовата еднаквост, како и улогата на жените во демократските процеси и општествениот развој.

-Ми претставува голема чест да ја претставам мојата земја на ваков значаен настан. Примерите на турските жени нè потсетуваат дека напредокот е можен само кога жените и девојките имаат простор и моќ да донесуваат одлуки, изјавила пратеничката Салиу-Фетаи.

Настанот продолжува утре со други протоколарни средби и активности на високо ниво. Во текот на овој ден е предвидена и посета на Мавзолејот на Ататурк, еден од најзначајните историски и симболични споменици на Република Турција.