Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Повредените во трагедијата во Кочани закрепнуваат – терапиите даваат резултати, лекарите се оптимисти

Траумите и последиците од трагедијата во Кочани сè уште бараат третмани за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Траумите и последиците од трагедијата во Кочани сè уште бараат третмани за закрепнување на преживеаните и на семејствата што изгубија блиски луѓе и деца. Добри вести се тоа што веќе шеесет пациенти со лузни од изгореници го завршија вториот циклус од ласерскиот третман на Клиниката за дерматологија, кој се спроведува од ноември 2025 година.

Според лекарите, терапијата дава охрабрувачки резултати, а во зависност од состојбата, пациентите може да имаат потреба од седум до осум циклуси. Дел од лузните веќе покажуваат значително подобрување, со што се зголемува можноста да се избегнат дополнителни хируршки зафати.

Паралелно со физичкото закрепнување, стручњаците предупредуваат и на психолошките последици. Кај една третина од пациентите е забележана анксиозност како резултат на преживеаната траума.