Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Прилози

Постигнат договор: Државните институции и „Стоп за Вардариште“ заеднички ќе работат на решавање на проблемот

Државните интитуции и иницијатава „Стоп за Вардариште“ постигнаа договор за решавање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државните интитуции и иницијатава „Стоп за Вардариште“ постигнаа договор за решавање на горливиот проблем со депонијата што го задуши Скопје. Министерството за внатрешни работи, Министерството за животна средина, скопските општини и Градот Скопје, заеднички ќе работат за целосно решвање на овој проблем. По средбата во просториите на МВР, министерот Панче Тошковски изрази задоволство што конечно се гледа разрешница за проблемите со дивите депонии. Според него се гледа дека се преземаат активности од страна на надлежните институции, пред се за откривање на оние кои прават кривични дела.

Договорено е да се постават камери за мониторирање на целиот простор, да продолжи со важност забраната за движење во депонијата, ќе се продолжи и со 24 часовни пунктови и контрола на просторот, од страна полицијата и приватно обезбедување.

-Краткорочно можат да дадат резултат, но секако долгорочно нема да го решат проблемот од типот на 24 часовен надзор на лице место на самата локација од страна на соодветни агенции кои што се грижат за безбедноста на предметниот простор. Надзор од страна на Министерството за внатрешни работи, дронови кои што ги користевме, униформирани полициски службеници, неуниформирани полициски службеници на терен, изјави Тошковски.

Реклама

Договорено е и да се формира координативно тело, во кое што покрај надлежните ќе учестуваат и претставници од „Стоп за Вардариште“, со цел што побрзо разрешување на проблемот. Претставниците на иницијативата се надеваат дека она што било договорено ќе биде и остварено во пракса.

-Навистина нашиот труд верувам дека вроди со плод, се надевам дека тоа ќе го видиме и во пракса и дека конечно ќе се реши трајно проблемот со Вардариште, како еден од загадувачите во Скопје и дека барем дел од тоа ќе биде решено и конечно ќе дишеме здрав воздух, изјави претставник на иницијативата.

Тошковски кажа дека во моментов се преземаат активности за краткорочно решавање на проблемот, но мора поактивно да се работи со цел овој простор веќе да не биде опасност за Скопје.

-Ќе треба да се вклучи и општината и Министерството за животна средина, и Министерството за труд и социјала и Градот Скопје, да имаме еден мултинституционален пристап, за конечно за некоја година од сега види еден убав парк, ако јас лично се прашувам, на кој што би требало да му претходат и те како активности во насока на расчистување на тоа земјиште, изјави Тошковски.

Инаку, Иницијативата бара депонијата која го загадува воздухот, пред се во Аеродром и Гази Баба да биде целосно затворена, да биде физички обезбедувана и оградена, да се престане со одложување на отпад, да бидат поставени камери чии снимки ќе може јавноста да ги гледа, како и иселување на нелегално населените луѓе и нивно згрижување на друга локација.

Матеја Петровски