Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Последни три дена од изборната кампања

Остануваат уште три дена до изборниот молк пред изборите што ќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Остануваат уште три дена до изборниот молк пред изборите што ќе се одржат на 19 октомври. Политичките партии, коалициите и независните кандидати и денеска пред граѓаните ќе продолжуат со претставување  на своите програми и кандидатите за градоначалници за локалните избори кои ќе се одржат на 19 октомври. Денеска се најавени митинзи и директни средби во повеќе општини низ државата.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има митинзи и средби со граѓани во Пробиштип, во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево. 

Кандидатот за Градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе одржи прес-конференција во 10:30 часот во штабот наспроти „Тренд“.

Реклама

Коалицијата предводена од СДСМ денеска ќе одржат митинзи во Центар Жупа, во Дебар, во Гостивар и во Маврово Ростуше.

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ и Коалицијата, Каја Шукова денеска ќе даде изјава за медиумите во Пазар Радишани во 10:30 часот.

Претставници на Левица денеска ќе остварат средби со граѓани во Радовиш и Струмица, каде ќе ги претставува своите кандидати за носители на осветничките листии останатите советници.

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Гостивар, Висар Адеми денеска на прес-конференција во 10:00 часот ќе ги претстави „Петте Ветувања за Гостивар“ – конкретен план за чистење на градот од корупција, отпад и кучиња скитници, за оживување на економијата и враќање на власта во рацете на граѓаните.

Во пресрет на изборните процеси, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија денеска ќе одржи средба со независниот кандидат за градоначалник на Општина Струга, Менди Ќира. Стопанската комора на Северо-Западна Македонија традиционално одржува средби со политичките субјекти за да ја претстави својата Платформа за локален економски развој пред раководствата на партиите и кандидатите за градоначалници, со цел да ги изложи ставовите и приоритетите на бизнис заедницата.

Кампањата официјално завршува на 17 октомври на полноќ, по што следува изборниот молк пред гласањето на 19 октомври.