Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

После две години скопјани добиваат субвенции за инвертер клима уреди

После две години, скопјани добиваат субвенции за инвертер клима уреди, откако синоќа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

После две години, скопјани добиваат субвенции за инвертер клима уреди, откако синоќа градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги потпиша решенијата за исплата на субвенциите, согласно Јавниот повик на кој аплицираа жителите на Град Скопје.

-Доцна вечерва ги потпишав решенијата за исплата на субвенциите, согласно Јавниот повик на кој аплицираа жителите на Град Скопје.  Со оваа мерка ги поддржуваме домаќинствата што инвестирале во набавка на високо ефикасни инвертер клима уреди во 2025 година, кои ќе носат пониски трошоци, повисока енергетска ефикасност и значително подобри услови за живеење. Со инвестирање во клима уреди, правиме чекор напред кон почиста и поздрава животна средина. Со намалена потрошувачка на енергија и пониско ниво на емисии, тие директно придонесуваат кон заштита на воздухот и создавање поеколошко и одржливо Скопје, објави синоќа на Фејсбук градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Градот Скопје, како што напиша  Ѓорѓиевски, ќе им ги надомести трошоците за набавка на уредот во износ до 20.000 денари по домаќинство, во нето износ, а данокот на личен доход целосно ќе го покрие Градот.

Реклама

-Во периодот што следи, ќе продолжиме со нови јавни повици за субвенции, со цел да го олесниме секојдневието на нашите сограѓани и да го направиме нашиот град подобро место за живеење, истакна Ѓорѓиевски.