Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Попови: Виното „My story“ прогласено за најдобро црвено вино од Македонија на најголемиот светски вински натпревар во Германија

Виното „My story“ е прогласено за најдобро црвено вино од Македонија и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Виното „My story“ е прогласено за најдобро црвено вино од Македонија и регионот, на најголемиот светски вински натпревар во Германија, информираа денеска од семејната винарија „Попови“ од Кавадарци.

– Се работи за најголем светски вински натпревар, „Mundus Vini 2026“. На натпреварот учествуваа над шест илјади вина од целиот свет, во повеќе категории. Оценувањето го вршеа 150 врвни вински експерти. Македонија има одлична географска положба за производство на црвени вина. Овде секоја винарија се гордее со своите црвени вина. Конкуренцијата е огромна и само нијанси одлучуваат за победникот. Оваа година, наградата ја освои ова вино, но, рекле, со вистински карактер, во кое грижливо се споени винските сорти на грозје, „вранец“, „каберне совињон“ и „мерло“. Зреено, одлежано е во барик буриња 12 месеци, појаснија Весна и Гоце, сопственици на винскиот подрум „Попови“.

Тие изразија задоволство, што, како што истакнаа, многубројните награди за нивните вина, се потврда за грижливата работа, посветеноста и континуираната едукација.

Реклама

– Наглрадите се и доказ дека ова е вистинскиот правец, правецот во кој оваа мала винарија од срцето на Тиквешкиот Регион се развива во вистинска насока. Македонија има што да покаже, нагласија Попови.