Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Попов: УМС на ВМРО-ДПМНЕ е домаќин на најголемата Светска младинска организација, над 45 млади лидери ќе имаат можност да разменуваат искуства и знаење

На денешниот настан организиран од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешниот настан организиран од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и на младината на Меѓународната Демократска Унија, на тема „Форум за слобода“, претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов во својата изјава за медиуми истакна дека како домаќини на најголемата Светска младинска организација ќе имаат можност за размена на искуства со над 45 млади лидери од над 25 земји, притоа наведувајќи дека ваквите настани се од огромно значење за младите политичари.

„Денес на мое огромно задоволство можам да објавам дека сме домаќини почнувајќи од денес и во наредните два дена на најголемата Светска младинска организација, тоа е Интернационалната младинска демократска унија која што ги обединува сите центар десни политички подмладоци од светот. Од денес во наредните два дена овде во Скопје имаме над 45 млади лидери кои доаѓаат од повеќе од 25 земји, денес имам огромно задоволство официјално да го отворам овој настан заедно со потпретседателот на Владата и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во наредните два три дена ние како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ќе имаме прилика да се вмрежиме со овие како што реков над 45 млади лидери од 25 земји“, рече Попов.

Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ  посочи дека настанот претставува прилика за ширење на контакти во иднина помеѓу сите присутни млади лидери, истакнувајќи дека токму  ваквите настани се од големо значење за подмладоците на политичките партии.

Реклама

„Ова претставува огромна прилика за нас како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, како да разменуваме искуства коишто ќе можеме да ги примениме овде во Република Македонија, но така и да градиме контакти  за во иднината, бидејќи секој еден од овие млади лидери кои што сте овде присутни, еден ден ќе ги наследи своите сениорски структури во земјата од која доаѓа, исто и како Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ овде во Република Македонија и мислам дека овие настани за нас како млади политичари, како подмладоци на политичките партии се од особено значење, во наредните неколку дена ќе можете да посведочите на навистина квалитетни говорници и квалитетни дискусии“, вели Попов.