Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Почнаа сеознските алергии, како да нарпавиме разлика меѓу алергија и настинка?

Речиси секој трет човек во ова модерно време има мака со алергија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси секој трет човек во ова модерно време има мака со алергија. Но што всушност претставува овој проблем со кој се соочуваат 30 проценти од светската популација? Алергија е преосетливост на нашиот имун систем на некои супстанции кои ги вдишуваме, доаѓаме во контакт со нив или ги внесуваме преку храна.

Пролетните алергени почнуваат да се шират од дрвјата уште во раната пролет и траат до месец мај. Поленот од тревите, кој се јавува во почетокот на летото е силен алерген на кој се чувствителни голем број луѓе.

Кога алергенот ќе дојде во контакт со нашиот организам имуниот систем реагира со создавање на антитела кои го напаѓаат алергенот.

Реклама

Матичните доктори предупредуваат дека од година на година се зголемува бројот на пацинети склони кон алергии, како причина плус покрај тоа што се генетски преносливи е и загадениот воздух.

Живееме во време во кое воздухот е многу загаден, имунитетот на луѓето е паднат, цело време се изложени на компјутери,телевиозри, кај што таа статичка прашина многу лошо влијае. Можам да кажам дека се јавуваат како симптоми кивавица,чешање на очите, закрвавени очи, чест секрет. Имаме пацинети кои велат дека сега кога цветаат тополите, дрвата, има разен полен во воздухот имаат гушење, стегање во градите, вели за Алфа Лили Чолакова Дервишова – доктор.

Во текот на пролетта се почести се и настинките, како пацинетите да направат разлика меѓу настинка и алергија? Чолакова вели засегантите да се обратат кај своите доктори, кои знаат како да постават дијагноза.

Најчесто правиме крвни слики кај нашите пациенти, ја гледаме ситуацијата дали има покачени леукоцити, лимфоцити, и други параметри кои покажуваат дали се работи за алергии. Честите кивавици без температура, бојата на лигавицата, сето тоа кај луѓе кои работат со години, кои се големи практичари знаат со тек на времето кој пацинет има алергиски склоности, вели за Алфа Лили Чолакова Дервишова – доктор.

Посебни препораки за алегриите и како да се избегнат докторите немаат, велат не може да се забрани поминувањето на време надвор, ниту пак да се препорача седење во порсотрии само со прочистувачи на воздух. Чолакова вели за справување со алегриите има лекарства, спрејови и сл. кои помагаат за полесно пребродување на сезоната.