Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Економија

Почна проектот за доуредување на мајор коритото на Крива Река, дел 1 и 4

Во Крива Паланка почнаа градежните активности за уредување на дел 1 и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Крива Паланка почнаа градежните активности за уредување на дел 1 и дел 4 од мајор коритото на Крива Река, финансиран од Владата на Македонија преку Министерството за животна средина и просторно планирање.

Вкупната вредност на проектот изнесува околу 27.7 милиони денари, а со истиот  е планирана изградба на: пешачки и велосипедски патеки, цветни леи, уредени зелени површини, пешачки мостови, уредени плоштади и простори за одмор и дружење, со што, како што нагласи градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, се заокружува целиот проект и градот ќе добие нов, урбан и функционален простор за сите.

-Во изминатиот период со вложување во уредувањето на речното корито му ја враќаме и убавината,и достоинството што го заслужува. И ако по нешто е препознатлива денес Крива Паланка,тоа ,меѓу другото е и по уредениот кеј, еден од најубавите во државата. Денес продолжуваме со уредувањето на мајор коритото на Крива Река, место каде минатото и сегашноста се спојуваат во едно. Во оваа фаза е предвидено уредување на пешачки и велосипедски патеки, нови плоштади, пешачки мостови, дрвени перголи и места за одмор и рекреација. Истовремено, ќе бидат подигнати нови зелени површини и декоративни форми што ќе му дадат нов лик на коритото и ќе ја заокружат целината, изјави Митовски.

Реклама

Посочи дека ова е продолжение на една визија со која Крива Паланка се развива во еден современ и урбан град за сите генерации, градејќи ја Крива Паланка,онаква каква што заслужува, убава и урбана.