Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

По „сиктер кафето“ со Мицкоски, Таравари може слободно да замине на „баци-рака“ кај Ахмети

Таравари ќе замине во прегратките на Ахмети без да испие сиктер кафе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Таравари ќе замине во прегратките на Ахмети без да испие сиктер кафе со премиерорт Мицкоски. Од владата за Алфа велат дека средба меѓу премиерот и лидерот на Алијанса, засега не е предвидена, и очекуваат министрите кои планираат да си одат, сами да си поднесат оставки. Во однос на ротацијата на ресорите, од Владата велат дека за тоа не се разговарало.

Не е предвидено да има состанок помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и Арбен Таравари. Во однос на министрите кои беа од Алијанса за Албанците се очекува сами да си поднесат оставки. За ротација на ресори, до сега не е отворена таква дискусија и не е разговарано за таа тема” – велат од Владата за Алфа.

За разлика од Владата која се држи до кратки и официјлани одговори, поранешните партнери на Таравари од „Вреди„ не штедеа зборови со кој го обвинија својот бивш партнер за предавство.

Реклама

 Не се враќаш кон народот, се враќаш кон црната листа, ти не ја напушташ Владата, туку ја предаде” ваква порака му испрати на Таравари еден од лидерите на ВЛЕН и вицепремиер во Владата, Изет Меџити.

Според него, Таравари не бил херој во оваа приказна, туку бил разочарување за секој Албанец, интелектуалец или необразован, работник или бизнисмен, маж или жена.

И лидерот на движењето Беса, Биљал Касами упати остри критики, најавувајќи дека трансферот на пратеници ќе биде главна тема во наредните денови. За разлика од Владата, Касами не ја исклучува можноста да има рокади во министерствата со ВМРО-ДПМНЕ.

Јас гарантирам дека веќе сме во сериозни преговори со повеќе пратеници и од албанската опозиција и од другите членови на другите заедници кој се дел од сегашниот Европски фронт” изјави Касами.

Според наши информации, напуштањето на Таравари ќе биде тема за која ќе се разговара на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Според оваа партија, не може некој да смета да може да биде дел од Владата, а притоа да седи во прегратките на криминалот на ДУИ. Од таму демантираат било какви шпекулации поврзани со составот на Владата по заминувањето на Таравари.

„Таравари никогаш не разговарал за Законот за јазици, никогаш не разговарал за законско регулирање на балансерот. Не зборувал ниту некогаш некој го слушнал да зборува за ЕУ интеграциите, дека се блокирани поради наследениот спор со Бугарија, создаден токму од оние во чии прегратки сега оди. Но, знаеме дека се интересирал за концесионерот на паркинзи на Клинички центар „Ѓока“, затоа што е исфрлен од игра” велат од ВМРО ДПМНЕ.

Острите реакции на ВМРО ДПМНЕ, Меџити и Касами доаѓаат откако Таравари, вчера одлучи да ја напушти Владата. Тој се пожали за ЕУ интеграциите, балансерот и обвини за маргинализација на Албанците. Остави простор за соработка со сите политички партии вклучувајќи ги и ДУИ. Тврдеше дека сите пратеници остануваат со него.

„Во моментот немаме никаква соработка со ДУИ, сме кажале дека имало комуникација, меѓутоа нема никаков договор со ниедна политичка партија.Но сега кога одиме во опозиција нормално е по демографскиот состав на општините да соработуваме со опозициски партииизјави Таравари.

И покрај тоа што Таравари заминува во опозиција, од Владата се децидни дека владејачкото мнозинство е стабилно. Единстевниот проблем е доколку сите 5-мина пратеници на Алијансата заминат, тогаш владата може само да остане без Бадентерово мнозинство, кои според најавите би го надокнадиле со преземање на пратеници од Европскиот фронт.