Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Платформата ptici.mk собра над 34.000 податоци за птиците во Македонија

Интернет платформата ptici.mk, која ја одржува Македонското еколошко друштво (МЕД), за неполни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интернет платформата ptici.mk, која ја одржува Македонското еколошко друштво (МЕД), за неполни две години собра над 34.000 податоци за видовите птици во Македонија од 30 активни корисници.

Платформата се состои од веб-сајт на кој се прикажуваат наодите за птиците и андроид апликација што се користи како алатка за собирање на податоците. Во моментов преку неа се евидентирани 287 видови птици.

Како најнови видови од почетокот на оваа година се забележани големиот црноглав галеб, белочелната гуска и златното блатарче, додека египетската гуска и големиот славеј за првпат се регистрирани во Македонија.

Реклама

Биологот-орнитолог и заменик-директор на МЕД, д-р Методија Велевски, вели дека се задоволни од досегашните резултати од користењето на оваа современа алатка за прибирање податоци за птиците на целата територија на државата.

– Досега има над 34.000 податоци и 30 активни корисници. Благодарение на работата на апликацијата се зголеми бројноста на видови, а истовремено се регистрираа ретки птици. Значајно е дека ptici.mk е интегриран во Европскиот портал на птици. Исто така, за сите волонтери кои се пријавиле правиме обуки за набљудување бидејќи корисникот треба да знае што внесува. Моментално имаме десттина луѓе кои се доброволци, истакна Велевски.

На платформата ptici.mk е наведено дека таа служи за поддршка на растечкиот број на набљудувачи на птиците, односно унапредување на граѓанската наука, со користење на модерни алатки за собирање и обработка на податоци. За набљудувачите потребно е и одредено предзнаење, односно апликацијата не е наменета за апсолутни почетници, иако и ним ќе им го олесни навлегувањето во светот на птиците, се вели на веб страницата.

– За почетниците препорачуваме „старомоден“ пристап, со користење на теренски бележник, барем додека не ја совладаат идентификацијата на најчестите видови птици. Неопходна алатка за запознавање на птиците е теренски водич, во дигитална, или подобро во печатена верзија, во кого освен што ќе гледате цртежи и фотографии и ќе се обидувате да ги пронајдете најсличните со „вашата“ птица, има и текстови што ќе треба да ги прочитате, а со време и да ги запаметите, наведуваат авторите на платформата.

Данка Узунова, проектен координатор во МЕД, вели дека најмногу корисници на апликацијата имаат од главниот град, но сепак податоци се прибираат од цела држава.

– Апликацијата ptici.mk бележи стабилен раст на корисници, кои секојдневно внесуваат податоци за набљудувани птици од различни локалитети низ Македонија. Иако најголемиот број активни корисници се од Скопје и неговата околина, платформата постепено се користи и во други региони, објаснува Узунова.

Платформата ptici.mk е одржувана од Македонското еколошко друштво, преку Фондот „Sigrid Rausing”, а како дел од проект кофинансиран од Европската Унија.