Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Плаколм и Грашич со поддршка за разговори меѓу Скопје и Софија за надминување на спорот

Австриската сојузна министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Плаколм и словенечката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Австриската сојузна министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Плаколм и словенечката државна секретарка во Министерството за надворешни и европски прашања, Нева Грашич даваат целосна поддршка на дијалогот меѓу Скопје и Софија, кој македонската Влада го најавува дека ќе се случи по изборите, односно по Нова година.

Плаколм и Грашич денеска во Скопје на заедничката прес-конференција со министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, одговорајќи на новинарско прашање за најавените разговори, но и дали нивните земји ќе се обидат да ја убедат Софија да разговара, нагласија дека во секој случај тие се силни поддржувачите на дијалогот.

-Секако дека сме поддржувачи на дијалогот и Австрија го поддржува процесот на пристапување и ќе поддржиме се што е потребно за да видиме опипливи резултати во преговорите, нагласи таа.

Реклама

Додаде дека не само во однос на земјава или Западен Балкан, туку воопшто Австрија смета дека билатералните прашања треба да се дискутираат и решаваат билатерално, а кога станува збор за проширувањето членките треба да зборуваат во еден глас.

-И затоа сметаме дека токму квалификуваното мнозинство ќе помогне во тоа, додаде Плаколм.

Грашич се надворза дека билатерализацијата на процесот на проширување е секако загрижувачка.

Таа нагласи дека процесот не смее да се блокира со билатерани прашања, бидејќи и на самата ЕУ и се потребни и членките, но и кандидатките, поради сменетата геополитичка состојба и поради безбедноста.

-Секоја рамка, секој дијалог, кои ќе ги поттурнат Македонија и Бугарија ги поздравуваме и ги поддржуваме, рече таа и изрази задоволство што и Советот на ЕУ и претседателот Антонио Кошта, како и Европската комисија изразиле подготвеност за тоа.