Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Петти интерпарламентарен форум на делегациите од ЈИЕ во ПС на ОБСЕ

Во Охрид денеска ќе се одржи петтиот интерпарламентарен форум на делегациите од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Охрид денеска ќе се одржи петтиот интерпарламентарен форум на делегациите од Југоисточна Европа во Парламентарното собрание на ОБСЕ.

Како што најавува собраниската прес-служба, воведни обраќања на Форумот ќе има Африм Гаши, претседател на Собранието на Македонија, Пере Понс, претседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ (кој ќе се обрати со видеопорака), Роберто Монтела, генерален секретар на Парламентарното собрание на ОБСЕ, амбасадорот Килијан Вал, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Еугенио Зофили, потпретседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Киријакос Хаџијани, потпретседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ и специјален претставник за ЈИЕ, и Моника Зајкова, шеф на делегацијата на Северна Македонија во ПС на ОБСЕ.

Темата на првата сесија на форумот е „Кибернапади во Југоисточна Европа и штетите предизвикани во последните години“, на која ќе се обратат Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација на Македонија, Бленди Клоси, шеф на делегацијата на Албанија во Парламентарното собрание на ОБСЕ, Методи Хаџи Јанев, специјалист за дигитализација и кибербезбедност, и Стивен А. Њутн, главен инженер за киберкапацитети, MITRE Corporation.

Реклама

Втората сесија на форумот е посветена на преземени мерки и идни активности за превенција од кибернапади во регионот на ЈИЕ, а потоа ќе има и отворена дискусија за кибербезбедност и законодавна поддршка.