Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Петрушевски: СДСM не може глава да крене од скандали со дрога на нивни членови

СДСM не може глава да крене од скандали со дрога на нивни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM не може глава да крене од скандали со дрога на нивни членови. Нов скандал на повидок од страна на член на СДСM, кој пред 2 дена бил фатен со дрога. На 09.05.2025г, од информации добиени од свиркач, бил уапсен Слаѓан Марковски од Гостивар, активист на СДСM, кој бил фатен со 12 пакувања кокаин и кеш. Ова е веќе сериозен проблем во редовите на СДСM. По Јон Фрчковски, Андон Стојков, сега повторно член на СДСM, Слаѓан Марковски, фатен со 12 пакувања дрога, вели пратеникот Бране Петрушевски.

-Филипче нема каде да бега и да се скрие. Јавно го прашуваме Филипче, дали ќе се одрекне од Слаѓан Марковски, кој е активист на СДСM? Дали ќе се одрекне и од Андон Стојков и Јон Фрчковски? Дали СДСM со доаѓањето на Филипче, како чувар на местото на Заев, стана партија која секојдневно е поврзана со дрога и криминал? Македонската јавност има право да знае, а легитимно е да прашаме, дали Филипче има некаква поврзаност со членовите кои беа фаќани со дрога изминатиот период? Дали можеби и тој е влезен во некоја шема со дилање на дрога? Само пред да одговори, убаво да размисли. Да не испадне на крај како со златната виза за Дубаи, вели пратеникот.