Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Петрушевски: СДСМ молчи на пратенички прашања за Груби, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот

СДСМ молчи на пратенички прашања за Груби, хистеријата и стравот од одговорност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ молчи на пратенички прашања за Груби, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот. Ниедно пратеничко прашање од страна на СДСМ кон членовите на Владата за Артан Груби.

А толку беа гласни изминативе три дена со измислување 10-ина тези за кои народот секако не им поверува – се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Но вистината, почитувани, полека но сигурно излегува на површина.

Реклама

Стравот од можните искази на Артан Груби за криминалите на поранешната власт на СДСМ и ДУИ очигледно го притисна копчето за паника на „Бихаќска“.

Дури и потпретседателката на СДСМ, Јованка Тренчевска, отиде чекор понатаму посочувајќи дека за еден од случаите во кои се сомничи Груби за сторен криминал, кривични пријави треба да добијат и неговите колеги од тогашната влада.

Толку многу ли знае Груби што некои поранешни функционери би биле подготвени да се жртвуваат? Дали копчето за паника во СДСМ го притисна кланот Заеви? Дали стравот кај Вице и Зоран Заеви навистина толку е голем, па затоа СДСМ со Филипче на чело застана во одбрана? Затоа ли Спасовски, Филипче и Зечевиќ изгледаат видно вознемирени?

За криминалот, на крајот, има само еден одговор, а тоа е правдата.