Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Петрушевски: Проектот „Безбеден град“ дава резултати уште во тест фаза со намален број на сообраќајни несреќи и човечки жртви

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски вечерва за време на гостувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски вечерва за време на гостувањето на една од националните телевизии, дебатираше на многу актуелни теми меѓу кои и за проектот Безбеден Град и изгласувањето на Законот за прекршоци кој отвора пат за санкционирање на прекршоците, а со тоа и намалување на бројката на сообраќајни незгоди и човечки жртви, се со цел поголема безбедност на граѓаните.

„Овој потег на ДУИ не е од аспект на овие аномалии на системот или на законот кои што ќе ги образложам дека се спротивно на тоа кое што го зборат, туку е некаков обид за уцена на владејачкото мнозинство користејќи го овој закон. Записниците ќе стигаат на јазикот на кој е заведен граѓанинот во личната карта, тоа е имплементирано во системот, во делот на важењето или неважењето на целата територија, најпрвин Законот за прекршоци важи апсолутно на цела територија на Македонија. Законот важи за сите, дали ќе биде санкциониран прекршок преку камера на Сејф сити или мобилен полицаец апсолутно ќе биде казнет. Во делот на приватноста имаме закони за лични податоци кои ја уредуваат оваа материја, не е ова прва камера што ја поставуваме на територија на Македонија за сега одеднаш, да се појавуваат сомнежи“, рече Петрушевски.

Во емисијата пратеникот Петрушевски истакна дека уште во тест фазата проектот Безбеден град дава резултати од аспект на безбедноста на граѓаните во сообраќајот, потенцирајќи дека ќе биде имплементиран на територијата на цела држава.

Реклама

„Овој проект дава резултати уште во тест фаза, тоа го потврдуваат бројките и она кое што треба да го знаат сите е дека не завршува тука и дека ќе биде имплементиран низ целата територија на Македонија. Во периодот од кога функционира без казнување Сејф Сити, во тест период имаме само 2 смртни случаи, за 37% имаме помалку повредени како последица на сообраќајни несреќи или преку 20% помалку незгоди. За мене овие бројки се доволен доказ дека овој проект дава резултати од аспект на безбедноста на граѓаните во сообраќајот. Во Законот за прекршоци никаде не стои дека ќе се казнува само во Тетово, Куманово и Скопје, ќе се казнува на територија на цела Македонија, вели Петрушевски.